Мурињо за дуелот на браќата Погба: Проблем ќе има само нивната мајка!

by
1 минути читање

Натпреварот
помеѓу Манчестер јунајтед и Сент Етјен во Лига Европа ќе донесе братски дуел.

Пол и Флорентин Погба за прв ќе играат еден против друг како професионални
фудбалери.

„Разговарав со
Пол, ситуацијата е убава“
– вели Жозе Мурињо. „Проблем има само нивната мајка!“

„Тешко и е на
жената да избере. Подобро кажано, невозможно!“

„Пол ми кажа дека
таа ќе навива за реми. Но следната недела еден од синовите ќе биде среќен а
другиот тажен“.

„Мислам дека тие
ќе уживаат во дуелот еден против друг. Пол е прилично возбуден, а сигурен сум
дека истото важи и за Флорентин“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани