Мурињо во својот
коментар за Велс ја вметна и првата ѕвезда на таа национална селекција, Герет
Бејл со кого соработуваше во Тотнем, а за него подвлече дека не придонел многу
со перформансите, а ниту постигнувал голови против големите екипи, со тоа што
Велс нема многу опции во својот состав.
„Низ годините
Велс во голема мера зависи од Бејл, но и Арон Ремси, двајцата најталентирани
фудбалери на таа земја“ изјави Мурињо.
„Но, кога ќе погледнам
од клупски аспект, колку натпревари запишал Ремси за Јувентус, со оглед на
неговите чести повреди…“ додаде португалскиот фудбалски стратег.
„Понатаму, кога
ќе погледнам колку погодоци против поголемите екипи постигнал Герет, а нив ги
нема во голем број, односно воопшто ги нема, или на колку натпревари одиграл на
високо ниво со одлични перформанси, тоа навистина не е лесна ситуација за
репрезентација без многу опции“ заклучи тој.
Интересен е фактот
што токму Бејл ја реши завршницата од сезоната во полза на „Спарси“, односно
запиша два гола во победата кај Лестер со 2-4 во последното коло, и тоа влегувајќи на теренот од
клупата за резерви, победа која му донесе на Тотнем излез во Европа во новата
сезона, поточно во новата конференциска лига.
Кога сме веќе кај Бејл, ќе додадеме и дека за него се шпекулира дека размислува да се повлече од активното играње фудбал, а да се посвети на играњето голф.