Мурињо во елемент: Ние игравме додека Лацио се дома со Сари и пушат цигари! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерите на Рома синоќа добро се испотија за да го поминат Витесе во Конференциската лига, за разлика од нив Лацио немаше натпревар.

Маурицио Сари е познат и по тоа што е стравствен пушач на цигари, па Жозе Мурињо го истакна тој момент за да даде изјава која ќе го привлече вниманието.

„Јасно е дека не сум среќен, ние игравме денес со многу фудбалери кои треба да играат во недела додека Лацио вечерва се дома и пушат цигари со Сари“, вели Мурињо.

Потоа Мурињо го испофали тренерот на Витесе и им честиташе за добрата игра со која ги натераа фудбалерите на Рома да дадат се од себе. А на крајот од интервјуто Португалецот повторно ги спомна Сари и цигарите.

„Сега Сари е дома пуши цигари додека јас ќе одам дома и ќе размислувам како да се опоравиме од овој меч за дуелот во недела“.

Дербито меѓу Рома и Лацио се игра во недела од 18 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани