Во Конференциската лига нема ВАР технологија, па судиите прават грешки. Фудбалерите на Бодо/Глимт двапати намерно играа со рака во сопствениот шеснаесетник, но тоа остана незабележано од судиите, но не и од Мурињо.
По мечот во разговор со еден новинар, тој рече: „Судиите треба да го објаснат натпреварот, но тие не зборуваат“.
Шоуто на Мурињо почна кога новинарот го праша што погрешија судиите. Португалецот одговори: „Го гледаше ли натпреварот“.
Новинарот возврати: „Да, но сакам да слушнам од вас. Како го видовте од ваша гледна точка“.
Мурињо: „Кажи ти“.
Новинарот: „Не кажи ми ти. Сакам да слушнам од тренерот на Рома“.
Мурињо: „Не, кажи ти, кажи ти“.
Новинарот: „Мислиш дека требаше да бидат досудени пенали?“.
Мурињо: „Ајде, ете, знаеш нели?“.
Новинарот: „Значи мислиш дека требаше да добиете пенали?“.
Мурињо: „И ти мислиш така“.
Новинарот: „Во кои ситуации мислиш дека требаше да добиете пенали? Сакам да го слушнам тоа од тренерот на Рома“.
Мурињо: „Ти не виде а?“.
Новинарот: „Јас сум нормален ТВ-известувач“.
Мурињо: „Не, кажи ми што виде ти“.
Новинарот: „Не можев да видам, седев далеку, па кажи ми ти“.
Мурињо: „Ниту на екранот не виде? Не виде после натпреварот?“.
Новинарот: „Значи мислиш дека судијата ви ја одзема победата денеска?“.
Мурињо: „Се разбира“.
Новинарот: „А што е со Бодо/Глимт. Имаше некое изненадување од нивниот приод?“,
Мурињо: „Тие се добар тим, имаат добри фудбалери. Имаа два шута, постигнаа два гола. Резултатот беше 2-2. Ние имавме два недосудени пенали. Имавме уште четири-пет шанси за гол“.
Mourinho: – The referee has to explain. But they don’t speak.
(@JanAageFjortoft) pic.twitter.com/0tVBn1LVBY— Viaplay Fotball (@ViaplayFotball) November 4, 2021