Мурињо влегол во вербална кавга со судиите по мечот со Болоња

by
1 минути читање

Рома со 1-0 го загуби мечот против Болоња, а Жозе Мурињо имаше сериозни забелешки за судењето.

Абрахам и Карсдроп добија жолти картони поради кои ќе го пропуштат дербито против Интер.

Абрахам се чудеше зошто го добил картонот и бараше ВАР да прегледа снимка, но за жолт картон не смее да се користи видео технологија, па одлуката не беше променета.

Португалецот беше разочаран и од тоа што судиите не свирнаа неколку очигледни фаули над Заниоло. Па на прес конференцијата му порача на фудбалерот да си замине од Серија А бидејќи во италијанската лига не само што не го заштитуваат, туку не му ни судат вистински прекршоци.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека по завршувањето на мечот Мурињо во тунелот од стадионот влегол во жестока вербална расправија со судиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×