Мурињо веќе ја добил првата понуда за нова работа

by
1 минути читање

Мурињо доби отказ од Тотнем и сега е слободен тренер. Повеќе од јасно е дека Португалецот нема да остане во Премиерлигата бидејќи едноставно таму во моментов нема клуб кој би го ангажирал. Најверојатните опции се враќање во Шпанија или Италија.

Според шпанските медиуми, сопственикот на Валенсија, Петер Лим го контактирал Мурињо за можно враќање во Ла Лига.

Информациите велат дека на Мурињо му се допаднал првичниот разговор и тој во наредните денови ќе отпатува во Валенсија на подетални разговори.

Во моментов тренер на Валенсија е Хави Гарсија но се очекува тој да биде сменет по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани