677
Жозе Мурињо победи на првиот официјален натпревар како тренер на Рома.
Италијанскиот клуб славеше во првиот плеј-оф меч против Трабзонспорт во Конференциската лига.
Резултатот го отвори Пелегрини во 55. минута, капитенот на Рома погоди по асистенција на Мхитарјан.
Девет минути подоцна Корнелиус реализираше со глава за израмнување на 1-1.
Но во 81. минута Рома го врати водството на 2-1 со гол на Шомуродов во неговиот прв официјален меч за клубот. Тоа беше и конечниот резултат.