Во минатото коло Жозе Мурињо го забележа првиот пораз како тренер на Рома. Волчицата утре има нов предизвик, на Олимпико го пречекува Удинезе кој со 4-0 загуби од Наполи.
„Удинезе загуби тешко, но не одигра лошо против силен тим каков што е Наполи. Некои голови ги примија од прекини, но тие се одличен тим кој знае што сака и против кој е тешко да се игра“, вели Мурињо.
„Загубивме натпревар, не одигравме добро. Го анализиравме мечот во детали со фудбалерите, за да ги исправиме грешките за во иднина. Гледаме во иднина, не кон тој меч каде што ништо не можеме веќе да промениме“.
„Загубивме, тажни сме, но мора тагата да ја претвориме во мотивација, не смееме да паѓаме во депресија. Не сме кандидати за ништо, нашата цел е само да победиме на следниот натпревар“.
„Проектот е долг, во спротивно ќе ми дадеа договор од три месеци, не три години. Не е едноставно да се развие тим, друго е да имате веќе консолидиран тим“.
„Проблемот не е поразот, проблемот се трите примени голови, тоа е многу. Уште еднаш ќе повторам, фудбалерите беа тажни во соблекувалната, но тагата мора да ја претвориме во мотивација“.