Мурињо: Судијата беше лош, бевме лоши и ние

by
1 минути читање

Рома со 3-1 загуби на гостувањето кај Милан, росонерите добија два пенали од кои еден реализираа. Мурињо смета дека според тој критериум и тие требало да добијат два пенали. Волчицата мечот го заврши и со двајца фудбалери помалку.

„Во мечот бевме и кога беше 2-0 за Милан, но кога Рик Красдроп беше исклучен, тоа беше готово“, вели Мурињо.

„Перформансот беше на ниско ниво. Доколку ги погледнете првите два гола, многу лесно ја дадовме топката. Ни недостасуваше квалитет денеска. Ниту ми се допадна судењето, ниту играта на мојот тим“.

„Исто така недостасуваше квалитет кај судијата и кај ВАР. Го видов движењето на рамото на Тами, но тоа воопшто не беше движење за да ја сопре топката. Ако дадете за тоа пенал, тогаш требаше да ни дадете пенал и за фаулите врз Заниоло и Ибанез. Или досудете ги трите, или ниту еден“.

„Судијата немаше карактер на овој меч. Пред ВАР ние сме мали. Шест, седум месеци сум во Рома и веќе се навикнав. Се ми е јасно. Нема јасна снимка дали Абрахам ја удри со рака или не. Како вториот пенал за Милан е поразличен од прекршокот врз Заниоло?“.

„Не негирам дека ние не одигравме добро. Ова е состав од средно ниво и ние сме на средина на табелата каде што припаѓаме. Направивме многу грешки денеска. Немаше тактички грешки, туку индивидуални грешки“.

„Не сакам да го правам ова, но треба да кажам дека не разбирам што правеа денеска судијата и ВАР“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×