174
Мурињо стана тренерот кој најбрзо стигнал до 50 победи во Серија А откако е воведен системот со три бода за победа. На Португалецот му требале 77 меча за да дојде до победата број 50 во италијанската лига.
Мурињо е најбрзо стигнал и до 50 победи во Премиерлигата (63 натпревари) и Ла Лига (62 натпревари).
Португалецот сам си се пофали на својот инстаграм профил. Стави слика од твитот на „ОптаПаоло“ и напиша: „Ве молам не ги покажувајте моите негативни рекорди, само добрите“, по што се насмеа.