„Специјалниот“ во
неколку наврати обвини дека тој и Рома се оштетени во Серија А и не го криеше
незадоволството од одредени одлуки. Синоќа на прес конференцијата пред дуелот против
Бодо во Конференциската лига рече дека не сака да коментира како се дели
правдата во Калчото, но очигледно не може да се воздржи и кратко потоа излезе
со зајадлив коментар на социјалните мрежи.
Жозе Мурињо на
Инстаграм објави две фотографии, првата е од натпреварот Јувентус – Рома, кој
„старата дама“ го доби со 1-0. Верту во финишот од првото полувреме имаше шанса
да изедначи од пенал, но промаши. Најстрогата казна можеше да биде повторена бидејќи
дел од фудбалерите прерано влегоа во шеснаесетникот, но судијата не регираше.
Втората
фотографија е од натпреварот помеѓу Јувентус и Зенит во Лигата на шампиони кој
заврши со триумф на домаќините од 4-2. Пауло Дибала на стартот од второто
полувреме од втор обид погоди од пенал за 2-1, Аргентинецот во прв момент
промаши но доби втора шанса бидејќи фудбалерите на двете екипи влетаа во казнениот
простор.
„Едниот пенал
беше повторен, другиот не… Погодете кој?“ – напиша тренерот на Рома на
Инстаграм.