Шефот на
стручниот штаб на Рома, Жозе Мурињо имал посебна конекција со напаѓачот Тами
Абрахам кој се реши дресот на Челси да го замени со тој на „Римската волчица“,
а Англичанецот откри каков пристап имал Мурињо во неговото убедување.
„Мурињо беше
доста конкретен, ме праша следново: ‘Дали сакаш да уживаш во сонцето, или да останеш на дождот?’“ откри Абрахам.
„Најлесната
опција би била да останам во Челси, во една таква исклучителна позиција за
мене, но размислив добро, донесов одлука дека треба да се докажувам, а тоа
можев во друг клуб“ додаде Англичанецот.
Младиот напаѓач
на 30 настапи за „Римската волчица“ досега успеа да постигне 17 погодоци, што
воедно го прави третиот најбрз стрелец кој постигнал 15 погодоци за Римјаните
по Габриел Омар Батистута и Винченцо Монтела.