Португалецот често знае да игра психолошки игри, па почна една таква пред мечот во четврток со Бодо/Глимт.
По мечот во Норвешка, во подтрибинскиот простор имало физичка пресметка меѓу тренерот на Бодо, Кјетил Кнутсен и тренерот на голманите на Рома, Нуно Гомеш.
Синоќа имаше тензија меѓу клупите на Рома и Салернитана, па во еден момент Мурињо му се извинуваше на гостинскиот тренер Салваторе Фоти. Тие и по мечот при поздравувањето имаа разговор, на крајот си подадоа рака.
Мурињо објасни што се случувало и јавно се извини, но не пропушти да го пецне Бодо/Глимт.
„Ќе ви ја кажам вистината, не како некои клубови или полицијата. Некој од мојата клупа им дофрли на стручниот штаб на Салернитана дека тие одат во Серија Б. Сакам да се извинам за човекот кој го кажа тоа“, открива Мурињо.
„Ние сме цивилизирани луѓе, тоа што се случува на теренот останува таму. Никој не чека надвор 45 минути подоцна за да го удри другиот во лице“, Португалецот алудира на случувањата во Норвешка.
Рома има негатива од 2-1 по првиот меч со Бодо/Глимт, па тимот на Мурињо не смее да си дозволи кикс на Олимпико во четврток.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.