Мурињо со сериозни обвинувања: Соблекувалната е поделена поради себични фудбалери и влијателни агенти!

by
1 минути читање

Минатата недела, Тотнем беше шокиран од Динамо Загреб и исфрлен од Лига Европа, а Жозе Мурињо не се штедеше со критиките кон своите играчи. „Спарси“ одговорија со триумф од 0-2 на гостувањето кај Астон Вила, но „специјалниот“ повторно има одредени замерки.

„Во денешно време не е лесно да одржувате хармонија во соблекувалната. Има многу себични фудбалери, агентите кои имаат добри односи со медиумите често се мешаат. Тешко е да се изгради чувство на обединетост, чувство на тим, да речете, „Јас ќе изгинам за тебе, ти ќе изгинеш за мене“, или „Победувам кога играм 90 минути, но победувам и кога сум на трибини“. Психологијата на помладите играчи не е едноставна“ – вели тренерот на Тотнем.

„Сакам да бидам горд на моите играчи, не ми е важен резултатот. Сум бил горд и кога сме изгубиле. Но не бев горд во четвртокот, или на Емирати пред седум дена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани