Мурињо со многу емоции: Фудбалските Ајнштајни не разбираат… (ФОТО)

by
8 минути читање

Мурињо кој по освоениот трофеј го почна својот одмор, упати благодарност до сите во Рома, но ги пецна и критичарите.

„Спомените остануваат засекогаш и историјата не може да биде избришана. За мене ова беа неверојатни, незаборавни емоции, но треба да размислам „што е следно“… Пред тоа треба да ги гушнам сите. Треба на светот да му ја кажам мојата благодарност до моите ИГРАЧИ: до секој од нив, од Руи кои одигра 54 натпревари до Пјетро кој не одигра ниту една единствена минута. Но во овој тим сите ја играат секоја минута на секој натпревар, тоа е тоа што фудбалските Ајнштајни не го знаат, не го разбираат и жал ми е за нив. Фудбалот е тоа што можете да го видите и тоа што не можете да го видите, фудбалот не се игра со 11, се игра со многу повеќе, и ние бевме мнооогу повеќе… играчи, тренери, медицински персонал, аналитичари, економи, готвачи, семејства, пријатели, романисти, мурињисти и благодарен сум им на сите. Еден ден ќе си заминам од Рим и од Рома, таков е законот на фудбалот, но повеќе од еден или од повеќе трофеи би сакал да го видам овој клуб секогаш и секаде обединет со оваа пасија и љубов. Две слика од прегратки за сите вас. Имајте убав јуни“, напиша Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани