Феенорд е во Португалија и веќе има подготовки специјално за финалето од Конференциската лига кое следната среда се игра во Тирана.
Од друга страна пак Рома во петок му гостува на Торино во меч кој им е важен за да ја задржат позицијата која води преку лигата во Лига Европа. До Лига Европа можат да стигнат и со освојување на Конференциската лига, но тоа е ризик кој не сакаат да го имаат.
„Секогаш е исто. Историјата и важноста на натпреварувањето се различни, но ова е најважното финале за нас бидејќи ние треба да го играме“, вели Мурињо.
„Ова ќе биде наш 15. меч во Европа оваа сезона. Почнавме во август и патувавме многу. Плативме висока цена во Серија А, губевме бодови против тимови кои имаа цела недела да се подготвуваат за мечот“.
„Кога ја гледам табелата, помислувам на тие натпревари и на грешките на судиите. Конференциската лига е тешко натпреварување, сега ние мора да креираме историја со тоа што ќе ја освоиме“.
„Се разбира дека Феенорд има предност, и тоа голема предност поради тоа што немаат други натпревари. Ние треба да играме важен меч против Торино и тешко е да ги одмориме фудбалерите“.
„Тие ја завршија сезоната и сега мирно се подготвуваат. Но секогаш му велам на тимот дека во финалињата се заборава на тие детали. Па денеска ќе речам дека Феенорд има предност, но во следната среда ќе ви речам дека тие немаат предност“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.