Мурињо: Сите зборови кои ги слушнавме од Јуве во тунелот и соблекувалната, се надевам дека ќе ги кажат и јавно

by
1 минути читање

Рома одигра добар натпревар, со двојно повеќе удари кон голот од Јувентус, но се враќа дома со празен плен.

„Можам да кажам само дека видов една одлична Рома. Тоа им го кажав на моите фудбалери во соблекувалната“, вели Мурињо.

„Јасно е, зборуваме за пораз и нула бодови, но можам да кажам дека Рома одигра добро во секој аспект. Честитки за организацијата, напорната работа, за оние кои играа и покрај тоа што омаа неколку физички потешкотии. Видов желба, самодоверба, верба. Јасно е дека поразот секогаш е пораз, но ако погледнеме во проектот, тоа значи дека созреваме“.

„Можеби јас гледам поинаку од двас, но видов тим кој заслужи да победи, но загуби. Тоа е фудбалот“.

Мурињо го прокоментира судењето, и фактот што судијата продолжи само три минути и покрај тоа што ВАР долго се гледаше за потенцијален пенал врз Пелегрини во второто полувреме.

„Давањето на три минути, тоа покажува намера. Не сакам да коментирам за пенал инцидентот. Ги немам сите информации, не гледав повторени снимки. Сакам да се изолиирам од тој инцидент и да се фокусирам на се она што направи мојот тим“.

„Сите зборови кои ги слушнавме од Јувентус во тунелот и соблекувалната, се надевам дека ќе ги кажат и јавно. Тие знаат колку им беше тешко против нас вечерва“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани