114
На вчерашната прес-конференција на Тотнем, македонскиот новинар од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ побара да се слика со Жозе Мурињо бидејќи неговиот починат татко бил голем фан на Португалецот.
Мурињо му вети дека ќе му ја исполни желбата кога ќе пристигне во Скопје и тоа се случи.
Игор Александровиќ ја доби фотографијата со Жозе Мурињо, а Тотнем со гестот на Португалецот се пофали и на социјалните мрежи.
Jose Mourinho and Igor Aleksandrovic#THFC#COYS pic.twitter.com/Oza5OpUM57
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 24, 2020