Се смета дека Интер е фаворит за потписот на Пауло Дибала, а интерес има и од Тотнем, Арсенал и Атлетико Мадрид.
Нова информација од Италија е дека Жозе Мурињо се обидува да го убеди Дибала да потпише за Рома.
Дибала со многу емоции се збогуваше со фановите на Јувентус, па можеби тие ќе бидат пресудни тој да не потпише за Интер кој се смета за нивни главен ривал.
Рома на Дибала не може да му понуди настап во Лигата на шампионите, па „Ла Република“ пишува дека Мурињо пробува да го употреби својот шарм за да го убеди Аргентинецот да се пресели на Олимпико.
Барањата за плата на Дибала би можеле да бидат проблем за раководството на Рома, но можеби и ќе му ги исполнат ако се знае дека тој би пристигнал како слободен играч, без обесштетување.
„Кориере дело Спорт“ потенцира дека Франческо Тоти е фан на Дибала и му лајкнал неколку постови на инстаграм, па нема да биде чудно и легендата на Рома ако се вклучи во разговорите за ангажман на аргентинскиот фудбалер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.