Мурињо: Се молев за Ериксен, плачев, но и милиони дури го правеа тоа

by
1 минути читање

Мурињо многу добро го познава Ериксен, работеше со него неколку месеци пред Данецот да замине во Интер.

Синоќа во изјава за „Токспорт“, Мурињо откри дека плачел и се молел за Ериксен.

„Не можам да престанам да размислувам за тоа што се случи. Мислам дека треба да прославиме, не да бидеме тажни“, вели Мурињо.

„Тоа беше многу поважно од фудбалот, но во сто време мислам дека ги покажа добрите вредности на фудбалот. Љубовта, солидарноста, фамилијарниот дух. Не се работи само за неговата фамилија, туку за фудбалската фамилија. Фудбалот ги сплотува луѓето“.

„Се молев, плачев, но колку милиони го правеа тоа во светот. Верувам многу, бидејќи фудбалот ги сплотува луѓето“.

„Овој пат поради лоша прчина фудбалот ги сплоти луѓето, но на крајот можеме да славиме бидејќи Кристијан е жив“.

„Не зборував со него, но зборував со Пјер Емил Хојбјерг кој беше многу позитивен за состојбата на Кристијан, тоа е добра вест и треба да се прослави“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани