Мурињо: Само Покетино е задоволен од составот кој го има

by
0 минути читање

На денешната прес конференција пред раваншот со Трабрзонспор, Мурињо зборуваше и за преодниот рок.

„Кога велам дека се може да се случи на пазарот, мислам дека вратата е отворена и за засилувања и за заминувања, иако во оваа точка пореално е да има заминувања“, вели Мурињо.

„Дали знаете еден тренер кој е комплетно задоволен од својот состав? Можеби Покетино, никој друг“.

ПСЖ сега е во центарот на вниманието откако раководството на францускиот клуб успеа во ионака силниот состав да ги додаде и Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани