Мурињо со 3-2 го загуби првото римско дерби како тренер на Рома, а по мечот ги обвини судиите.
Португалецот има замерка за две ситуации, едната е тоа што Лукас Леива не доби втор жолт картон за удар со лакт во глава, нешто за кое Пелегрини беше исклучен во претходниот меч на Рома и не можеше денеска да го игра дербито.
Втората забелешка е тоа дека требало да биде досуден пенал по старт на Заниоло после кој Лацио направи контра и го даде вториот гол.
„За жал, овој фантастичен натпревар беше уништен од судиите и ВАР кои не беа на нивото на овој натпревар“, вели Мурињо.
„Вториот гол лтребаше да биде 1-1, а стана 2-0. Вториот жолт картон на Лукас Леива исто така беше значаен бидејќи различно е кога играте против 10 фудбалери. Пелегрини доби црвен, а денеска Леива ништо“.
„Мислам дека мојот тим беше подобар на теренот. Кога ќе примите трии гола, обично правите грешки, но вториот и третиот гол беа контра-напади и второт беше во ситуација кога мојот тим очекуваше пенал во наша полза а не контра“.
„Доминиравме, му создадовме големи проблеми на Лацио, тие ги контролираа последните минути на начинот на кој сакаа бидејќи судијата им го дозволи тоа“.