Мурињо: Приказните за поседот на топка се повеќе за спортските филозофи отколку за мене

by
1 минути читање

Фудбалските критичари на „Скај Спортс“ Џејми Реднам и Грем Сунес се само двајца од повеќето кои го критикуваа Мурињо за стилот на игра, тие велат дека Тотнем е тежок за гледање и покрај успесите.

Мурињо одигра три дерби меча по ред ги победи Сити и Арсенал, а одигра без голови кај Челси на Стемфорд Бриџ. Во сите три натпревари противникот имаше поголем посед на топка, Тотнем играше дефанзивно, на контра напади.

„Добро, овие приказни за поседот на топката се повеќе за спортските филозофи отколку за мене. Никој никогаш не видел дека сум рекол: „Го загубив натпреварот но имав повеќе посед“. Никогаш никој не ме видел да речам такво нешто. Но можеби ме видел да речам: „Го загубивме тој натпревар, не заслуживме да загубиме, имавме повеќе шанси од противникот“. Такво нешто може да кажам“, вели Мурињо на прашање за бразилски медиуми.

Очекувањата од Мурињо секогаш се многу високи, па неговиот престој во Манчестер јунајтед многумина го оценуваат како неуспешен, но тој не се сложува со тоа.

„Кога луѓето велат дека мојот пик завршил, јас освоив три титули со тој клуб. Го освоив Лига купот, Комјунити шилд и Лига Европа. Замислете ги другите кои никогаш не го направиле тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×