Мурињо: Прекинот на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир е историски момент во борбата против расизмот

by
1 минути читање

Мурињо смета дека гестот на повлекување на фудбалерите и прекин на мечот е историски во борбата против расизмот.

„Тоа беше многу тажна ситуација и треба да се бориме против секоја форма на расизам. Тажен сум бидејќи не сакаме вакви работи во фудбалот“, вели Мурињо.

„Лично го знам главниот судија Овидиу Хатеган. Добро момче, многу добар судија. Да бидеш инволвиран индиректно во натпревар кој ќе стане историски, не е убаво“.

„Четвртиот судија, може само да ги искаже неговите чувства. Се разбира, тој направи неприфатлива грешка но може само да си го отвори срцето, да се извини и да ги прифати последиците. Веројатно тој е многу добар судија“.

„Сите во фудбалот и во општеството, имаме одговорност на релација на ваквите ситуации и ако направиме грешка, треба да ја прифатиме одговорноста“.

„Најважно за мене беше дека тој натпревар станува историски. Да прекинеш меч од Лигата на шампионите по 15 минути поради многу тажна ситуација ќе биде историски и се надевам дека во иднина никогаш нема да се повтори“.

„Како човек од фудбалот многу жалам што оваа ситуација се случи во мојата индустрија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×