Мурињо пак се пожали за теренот во Ростов: Се потсетив на времињата кога како дете играв фудбал во Португалија

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед одиграа 1-1 на гостувањето кај Ростов во првиот натпревар од
осминафиналето во Лига Европа, и „Специјалниот“ е задоволен од резултатот.

„Прикажавме
навистина добри перформанси ако во предвид се земат условите
– вели менаџерот на „Црвените
Ѓаволи“.

„Беше невозможно
да се игра подобро. Беше невозможно да ја имаме топката во нозе, невозможно да играме
со голем посед. Игравме онака како што налагаа условите и одигравме добро
.

„Направивме само една
грешка во одбраната по која тие постигнаа гол. Но резултатот е отворен и ние
сме во мала предност
. Ја завршивме работаат, нема повредени”.

„Ова беше уште
едно искуство за сите нас
.

„Се потсетив на
времето кога бев дете и играв во Португалија… втора лига…аматери.. вистинска
борба. Но кога гледам како моите играчи се справуваат со тешките услови за
игра, чуството е добро
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани