349
Рома се
приклучува во трката за топ четири пласман откако вечерва пред своите фанови славеше
против Аталанта со 1-0.
Мурињо повторно
го надмудри Гасперини и му покажа како се победува без да се има поседот на
топката. И покрај тоа што Аталанта одново диктираше темпо, „волчицата“ ги
однесе трите бода со голот на Абрахам.
Во 32. минута од
мечот, Карсдроп пресече една топка, тргна брз напад на домаќините по кој
Абрахам ја затресе мрежата за три бода.