Мурињо: Ова што ќе го кажам е спротивно од мојот интерес, но да бев Заниоло ќе размислував да ја напуштам Серија А

by
2 минути читање

Рома синоќа загуби со 1-0 на гостувањето кај Болоња, врз Николо Заниоло беа направени повеќе прекршици а некои од нив не беа ниту досудени, иако беа очигледни. Доби и престрог жолт картон поради наводна глума.

Заниоло имаше две големи повреди иако е млад фудбалер. Мурињо смета дека во Серија А судиите не само што не го заштитуваат, туку и со нивните одлуки му ја отежнуваат ситуацијата, па го советува да си оди од оваа лига.

„Сакам да кажам нешто што веројатно е против мојот интерес. Доколку јас бев Николо Заниоло, ќе почнев да размислувам дека за мене станува тешко да играм во Серија А. Ме загрижува тоа како е третиран“, вели Мурињо.

Мурињо потоа беше запрашан да каже што мисли со ова.

„Зборувам против мојот интерес, но го советувам Заниоло да оди надвор, тука во Италија станува невозможно за него“.

Мурињо му честиташе на Михајловиќ за победата.

„Честитки за Синиша и Болоња, одиграа одличен натпревар. Честитки и за моите фудбалери кои дадоа се од себе против се и сешто“.

„Повреди пред мечот, повреди за време на мечот, скриени повреди на играчи кои играа 90 минути. Па имаше некои инциденти по кои моите играчи продолжија да се борат. Горд сум на овие момци, немам негативно чувство и покрај поразот“.

Рома следниот меч го игра против Интер, а Мурињо ќе има проблем да склопи тим.

Поради жолти картони нема да играат Абрахам и Карсдроп. Додека Ел Шарави поради повреда предвреме го напушти мечот па и тој веројатно нема да може да настапи. Феликс е отсутен поради ковид-19, на листата на повредени се и Пелегрини и Виљар.

„Треба да измислам стартен тим за во сабота“, кратко изјави Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани