Мурињо беше гневен на судењето на Мареска на дуелот меѓу Рома и Милан. По мечот рече дека ќе биде казнет ако го каже своето мислење за судењето, но беше казнет со 10.000 и поради неговата таква изјава.
Денеска Мурињо се појави на прес-конфренеција по повод дуелот со Бодо/Глимт кој утре се игра во Рим. Тој повторно беше запрашан за настаните од дуелот со Милан, но не сакаше да зборува.
„Нема да зборувам за судиите, нема да зборувам за Серија А. Нема да зборувам за тоа што се случи“, им порача Мурињо на новинарите и се насочи кон прашања поврзани со Конференциската лига и Рома.
„Имаме шест бода, во одобра позиција сме. Ако го заборавиме резултатот со Бодо. Шест бода од два меча дома, е добра ситуација. Не може да речеме дека утре е одлучувачки ден, но сакаме да бидеме први во групата и да победиме“.
„За дуелот во Норвешка, сите од нас погрешија. Нема да велам тој направи тоа, оној тоа. Загубивме како тим и утре сакаме да победиме како тим“.
„Јасно е дека нема да настапиме со истиот тим како на првиот меч. Тогаш бев исплашен од теренот, времето, повреди, умор… Погрешив, сите правиме грешки“.