Мурињо: Њукасл? Ништо не може да ме натера да ги напуштам овие момци

by
1 минути читање

Португалскиот стратег силно демантираше дека нема намера да ја напушти Рома и да се пресели во Њукасл.

На тоа прашање тој одговори: „Не, апсолутно не. Потпишав тука тригодишен договор и ништо не може да ме натера да ги напуштам овие момци“.

Денеска од 18:45, Рома гостува на Бодо/Глимт во Норвешка, во меч од Конференциската лига.

„Теренот е со вештачка трева, времето е тешко, патувавме четири часа до. тука. Не ги донесовме сите фудбалери, мора да ротираме“, вели Мурињо.

„Има огромна разлика меѓу вештача и природна трева. Не можевме да ризикуваме со фудбалери кои имаат историја на повреди како Заниоло и Красдроп“.

„Но и покрај тоа среќен сум шо сум тука. Сум играл многу европски натпревари во многу земји, но првпат сум во Норвешка, прекрасно место“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани