460
Синоќа Тотнем одигра 0-0 на гостувањето кај Челси, претходно тимот на Мурињо го победи Манчестер Сити со 2-0, а го декласираше и Манчестер јунајтед со 6-1 на Олд Трафорд.
Но и покрај сите овие резултати и добрите игри, Жозе Мурињо упорно одбегнува да каже дека Тотнем е кандидат за трофејот во Премиерлигата иако тоа прашање му се поставува на секоја прес конференција.
Синоќа Португалецот рече дека тие не се коњ во трката, туку тие се пони.
„Ние не сме во трката за титулата, ние не сме коњ, ние сме пони“, изјави Мурињо.