Мурињо беше пречекан како бог од навивачите на Рома, а денеска ја имаше и официјалната презентација пред медиумите.
„Сакам да им се заблагодарам на фановите за топлото добредојде, беше неверојатно бидејќи се уште немам направено ништо. Навивачите веќе ме ставија во долг со нивниот однос. Сакам да му се заблагодарам на клубот и на афамилијата Фридкин, начинот на кој ме пречекаа беше фантастичен, импресиониран сум“, вели Мурињо.
„Рома не сака успех денес, туку стабилен проект за иднината, работа со пасија. Затоа сум тука“.
„Сега е време за работа со мојот стручен штаб, градот е убав, но не сум поради тоа тука, не сум тука на одмор“.
„Симболот, боите, имаат голема поврзаност со клубот, понекогаш ги мешате Рома со Рим (Рома), но ние сме тука за работа, не сме на одмор“.
„Сега сум тренер на Рома и не сакам да бидам ништо друго, таа улога ќе ја имам 24 часа со исклучок на неколку часови во кои треба да спијам“.
И покрај убавото добредојде, за некои од фудбалските критичари Мурињо не е тоа што бил некогаш. Португалецот како и секогаш има одговор и на ова.
„Нема што да кажам. Во моите последни три клуба, ја освоив титулата со Челси, освоив три купа со Манчестер јунајтед, стигнав до финале со Тотнем кое не ми дадоа да го играм, дојдовме до шестото место и Лига Европа а кога ги преземав беа 12ти. Тоа што за мене се гледа како катастрофа, други никогаш не го ни освоиле. Но тоа е моја вина што сум поставил такви очекувања“.
Запрашан дали ќе биде неуспех ако ја заврши сезоната без трофеј во Рома, Мурињо рече:
„Секогаш зборувате за титули, ние зборуваме за проект. Лесно е да ветам титула, но реалноста е поинаква. Зборуваме за проект, за напредок. Вие зборувате за титули, ние за проекти. Сопствениците не сакаат изолиран успех, тие сакаат да успех на долго рок кој ќе трае, што е потешко. Лесно е да освоите нешто и потоа да немате пари за плати, ние со клубот делиме исто гледиште. Сакаме да работиме, а титулите ќе дојдат со текот на времето“.