Жозе Мурињо вели
дека феноменалната победа на Манчестер јунајтед против ПСЖ е веројатно
најголема заслуга на неговиот наследник Оле Гунар Солскјер, кој го наследи
Португалецот на клупата на Премиерлигашот
За прв пат по
цели пет години Манчестер јунајтед се најде во четвртфиналето од Лигата на
шампионите, а норвешкиот фудбалски стратег доби пофалби од својот претходник.
„Настрана
перформансите, мислам дека резултатите кои ги постигнаа Ајакс и Манчестер
јунајтед се феноменални, а доколку одговорноста за лошите денови секогаш се
префрла на грбот на тренерите, тогаш одговорноста за добрите денови исто е на
грбот на тренерите“ рече Португалецот.
„Според мене,
Ерик тен Хаг од Ајакс, како и Солскјер од Манчестер јунајтед имаат неверојатни
резултати, пофалбите се на нивна сметка“ додаде поранешниот шеф на стручниот
штаб на Манчестер јунајтед, чиј наследник на таа позиција е токму Солскјер.
Како за потсетување, иако загуби со 0-2 на домашен терен, Манчестер јунајтед славеше со 1-3 на гостински терен кај ПСЖ со што обезбеди место помеѓу осумте најдобри од елитното европско клупско натпреварување.