Мурињо се враќа на местото каде што во Англија освои најмногу, за Португалецот тоа е минато, тој е фокусиран само на сегашноста и неколку пати рекол дека дуелите со Челси му се како и против сите други тимови.
Запрашан дали се плашат од Челси, Мурињо рече: „Треба да го прашате Лампард дали тие се плашат од нас. Но мислам дека страв не е вистинскиот збор на ова ниво. Ние не се плашиме од никој“.
„Го почитуваме нивниот потенцијал и мислам дека и тие го почитуваат нашиот потенцијал. Искрено не мислам дека тие веруваат дека ќе играат против лесен противник“.
„Би сакал да мислам дека тие веруваат дека играат против лесен противник, но не е така. Френк е човек со многу искуство во фудбалот и мислам дека знаат дека ние сме тежок противник кој може да ги победи таму“.
Тотнем ова лето потроши 160 милиони фунти помалку од Челси.
„Ние ги немаме истите услови како некои клубови за да имаме луд трансфер пазар. Ние требаше да имаме паметен пазар и го направивме тоа. Го подобривме тимскиот потенцијал“.
Втората сезона на Мурињо кај и да биде тренер е импресивна, досега само со Манчестер јунајтед не успеа да ја освои титулата во втората сезона, но беше второ место.

Мурињо и понатаму избегнува да каже дека тие целат кон шампионската титула.
„Кога потенцијалот е висок и очекувањата се повисоки. Но ние не сме фокусирани на табелата. Табелата е нешто што ќе го видиме по крајот на сезоната. Сега се фокусираме само на следниот натпревар и ништо повеќе“.