Мурињо не сакаше да зборува за судењето, но со добро позната слика на инстаграм кажа што мисли! (ФОТО)

by
1 минути читање

Тотнем во 97. минута од судиското продолжение прими гол од пенал против Њукасл и не победи. ВАР им додели најстрога казна на гостите за кои тоа беше и првиот шут во рамките од голот на Лорис.

Мурињо е бесен бидејќи само неколку минути претходно играч на Њукасл играше со рака во својот шеснаесетник но тогаш ВАР не се огласи.

По мечот Португалецот изјави: „Преферирам моите пари да ги дадам во хуманитарни акции отколку да ги дадам на ФА со тоа што ќе бидам казнет. Па не сакам да дискутирам за тоа. Не сакам да зборувам за тоа“.

Брзо потоа на својот инстаграм профил ја објави добро познатата фотографија од деновите во Интер. Тогаш кога исто така се бунеше против судењето и беше казнуван, во една прилика направи гест како да има лисици на рацете со што индиректно порача: Уапсете ме. 

Таа фотографија стана една од неговите најпознати. Јасно е што сака да каже со неа со тоа што ја објави веднаш по контроверзниот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани