Мурињо не остана покус: На Солшер му се важни димензиите на шеснаесетникот, преферира тие да бидат 20 метри!

by
1 минути читање

„Специјалниот“ беше хит по гостувањето во Скопје откако откри дека головите на арената „Тодор Проески“ биле за 5цм помали. Случката стигна и до Оле Гунар Солшер, кој реши да се пошегува.

„Среќа Жозе не беше тука да ги измери головите, во спротивно ќе имавме многу проблеми“ – изјави тренерот на Манчестер јунајтед откако фудбалерите на Брајтон дури пет пати ја погодија рамката од голот.

Жозе Мурињо не премолчи, па денеска испрати зајадлив коментар.

„Оле вчера беше пресреќен и изненаден од тоа што се случи со неговиот тим, па се пошегува на моја сметка. Јасно ми е дека не му се важни димензиите на голот, него го интересираат димензиите на шеснаесетникот. Преферира да игра на терен каде шеснаесетникот е 20 метри“ – порача тренерот на Тотнем, алудирајќи на огромниот број на пенали кои ги добија „ѓаволите“ минатата сезона, кога во нивна корист беа досудени дури 14 најстроги казни, рекорд за Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани