Мурињо не е среќен со фудбалерите што ги има на располагање во Рома?

by
2 минути читање

Рома запиша низа
од два порази во Серија А, а последниот беше на гостински терен кај Венеција,
по оној на свој терен од Милан претходното коло, по што се разви притисокот врз
шефот на стручниот штаб на „Римската волчица“, Жозе Мурињо.

Кризата во Рома
се чини дека се зголемува, особено ако се земе во предвид и убедливиот пораз од
Бодо/Глимт во Лига Европа со 6-1, а дел од италијанските медиуми шпекулираат
дека Мурињо освен што имаше забелешки за арбитражата на натпреварите, тој не е
задоволен од составот со кој располага во моментов, а наводно имал и
конфронтација со спортскиот директор Тијаго Пинто.

Се додека не дојде
моментот кога математички нема да биде возможно, јас ќе продолжам да велам дека
четвртото место е цел на клубот, Рома заврши на шестото или седмото место на
табелата изминатите неколку сезони
“ рече Мурињо.

Клубот направи обид во текот на летниот преоден рок, но тоа беше далеку од креирање нешто посебно“Клубот направи обид во текот на летниот преоден рок, но тоа беше далеку од креирање нешто посебно додаде Португалецот.

Не верувам дека
овој состав е посилен од тој што беше во ланската сезона, загубивме големо
искуство, моравме да доведеме фудбалери кои ќе ги заменат оние кои си заминаа,
меѓутоа повеќето од нив немаат доволно искуство на ова ниво
“ заклучи шефот на
стручниот штаб на „Римската волчица“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани