Мурињо направи шоу и го прекина интервјуто на Роџерс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер синоќа ја
пречека Рома во првиот меч од полуфиналето во Конференциска лига, пресметката заврши
1-1, па реваншот во Рим ќе го даде патникот во финалето.

Натпреварот во
исто време беше и дуел на двајца добри пријатели, па по последниот свиреж на
судијата, Жозе Мурињо направи шоу.

Додека Брендан
Роџерс даваше интервју, „специјалниот“ влета во кадарот и рече: „Тој ми го подари најдоброто вино на пазарот“.

Тренерот на
Лестер со насмевка на лицето одговори: „Ме чинеше многу“.

Моментот е на
1:09 од видеото:

Подоцна на
својата средба со медиумите, Жозе Мурињо рече: „Ми го подари најдоброто шише
португалско вино. Плаче бидејќи е навистина скапо. Но сакаше да ми го подари
моето омилено португалско вино. Многу е тешко да го најдете, навистина не знам
како успеал… знам колку и како платил“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×