Мурињо најде дупка како да ја одложи казната и да биде на клупата против Челси!

by
1 минути читање

На Мурињо му се заканува суспензија поради пцовки пред камерата на Скај Спортс за време на мечот против Њукасл во минатото коло. 

ФА покрена истрага против Португалецот кој треба да одговори на обвинението. Планот на Мурињо според англиските медиуми е да го даде одговорот пред истекот на рокот, односно петок седум часот. Доколку го направи тоа дисциплинската комисија ќе нема време да му ја изрече казната за дуелот со Челси, па ќе биде суспендиран за колото потоа.

Манчестер јунајтед одигра фантастично второ полувреме против Њукасл и од 0-2 успеа да направи комплетен пресврт и да победи со 3-2.

Сега сите го чекаат натпреварот со Челси за да се види во какво издание ќе се презентира Јунајтед, дали второто полувреме против Њукасл ќе влиае позитивно на нивната игра на Стемфорд Бриџ, или повторно ќе бидат само бледа сенка на вистински тим.

Натпреварот меѓу Челси и Манчестер јунајтед се игра во сабота со почеток од 13:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани