Мурињо му направи голема чест на македонски новинар, се воодушевија и Англичаните (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Прес конференцијата на Тотнем за дуелот со Шкендија се одржа во Лондон, но прашања можеа да поставуваат и македонските новинари преку апликацијата „Зум“.

Англичаните нападнаа со прашања поврзани со случувањата во тимот на Тотнем, претежно беа за Деле Али за кого има шпекулации дека ќе замине во ПСЖ.

Откако англиските новинари завршија со прашањата, Мурињо замина за да му го отстапи местото на Винкс, но колегата од „ТВ Сонце“, Игор Александровиќ се пожали дека не можел да постави прашање и како неговиот починат татко бил голем фан на Жозе.

Администраторот на пресот му го кажа тоа на Мурињо а тој веднаш се врати во прес салата и го сослуша македонскиот новинар. Му вети дека ќе се слика со него во чест на неговиот татко и му одговори на прашањата.

На ваквиот гест на Мурињо беа воодушевени и англичаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани