Вчерашниот натпревар Рома го заврши со 10 фудбалери откако Афена Џан Феликс заработи два жолти картони, од кои првиот можеби беше престрог. По реакција на судиска одлука.
Во отсуство на Пелегрини, Кристанте е капитен на Рома, а пред некој меч и тој доби жолт картон поради приговор кон судијата.
Жозе Мурињо го искористи прашањето за жолтиот картон на Феликс за да се пожали на критериумот. Вели дека тоа што за Кристанте е жолт картон, за Бонучи не е.
„Не го видов добро жолтиот картон на Феликс, далеку беше од мене. Далеку беше и тој на Кумбула. Можеби имало причина да добијат жолти картони, но нема сомнеж дека жолтите картони за нас, не се жолти и за други екипи“, вели Мурињо.
„Не сакам денеска да зборувам за специфични ситуации, со исклучок на жолтите, младиот судија беше многу добар“.
„Критериумот на судиите е различен дури и за Кристанте кој доби жолт, а е наш капитен и е дозволено тоа да го прави. Денеска му реков да биде потивок во комуникацијата со судиите бидејќи тој не е Бонучи, ниту некој од другите фудбалери кои имаат поинаков статус кај судиите“’.