Со голови на Кристанте, Заниоло и Ел Шарави, Рома со 3-0 го победи Трабзон и ја оствари целта, пласман во групната фаза од Конференциската лига.
Големиот талент на Рома кој во изминатите сезони се мачеше со повреди, Никола Заниоло многу емотивно го прослави погодокот.
Тој доби црвен картон на мечот со Фиорентина, па викендов нема да игра за Рома во Серија А.
Поради тоа што не може да биде во комбинација за мечот со Салернитана, Мурињо му дал два дена одмор, но Заниоло го одбил.
„Му реков на Заниоло да си земе два дена одмор бидејќи е суспендиран за во недела, но тој рече не бидејќи сака да биде со тимот“, открива Мурињо.
Мурињо има големи симпатии кон капитенот на Рома, Пелегрини за кој вели дека во наредните денови мора да потпише нов договор.
„Пелегрини мора да потпише нов договор колку што е можно побрзо. Фантастичен е, мора да потпише веднаш. Ако не оди со италијанската репрезентација деновиве мора да го потпише договорот, ако не кога ќе се врати. Ние сме среќни со него бидејќи тој е многу важен за нас и за сега и за во иднина“.