Деле Али е на излезна врата од Тотнем, Мурињо не е задоволен од залагањето на Англичанецот и тој не добива минути на теренот колку што посакува.
Интерес за Деле Али има од ПСЖ и нема да биде изненадување ако тој замине во јануарскиот преоден рок, има зелено светло од Мурињо иако Португалецот би сакал да ги задржи сите фудбалери кои ги има бидејќи тие ја креираат широчината на составот.

Еден од оние кои не се среќни е и Хари Винкс кој минатата сезона беше стандарден, но сега Хојбјерг му го зема местото па ретко е на теренот.
Мурињо вели дека нема шанси да го пушти Винкс, тој му е многу важна опција во составот во случај да се повреди некој од Хојбјерг или Сисоко, па Англичанецот нема да добие дозвола да замине.
„Позајмица на Винкс во јануари? Нема шанси“, вели Мурињо.
„Точно е дека тој дојде на разговор во мојата канцеларија, но доаѓаат и многу други фудбалери“.