Тотнем со 2-0 го победи Арсенал во дербито на Северен Лондон и трета недела по ред ќе остане на врвот во Премиерлигата.
„Имаме три бода повеќе отколку што имавме. Можам да замислам дека многу луѓе мислеа дека на трите меча против Манчестер Сити, Челси и Арсенал ќе загубиме бодови и ќе се вратиме на „нормалноста“. Но не се вративме на нормалноста. Освоивме седум од девет бода и тука сме, уште една недела на врвот во лигата ако Ливерпул не го победи Вулвс со многу разлика“, вели Мурињо.
„Ова беше голем натпревар, не само затоа што е Тотнем против Арсенал, туку голем натпревар во секоја смисла. Сакам да му честитам на Микел Артета бидејќи ни даде тежок натпревар. Тактички беа многу добро, многу добро организирани“.
„Во второто полувреме ни создадоа проблеми, проблеми кои ги решивме бидејќи моите фудбалери во овој момент имаа добра тактичка култура и неверојатен дух. Но Артета ни создаде проблеми бидејќи тие се добар тим и Микел е добар тренер“.
„Заслуживме да победиме бидејќи постигнавме два неверојатни гола. Цело време бевме солидни, дури и во второто полувреме“.
„Среќен сум со резултатот и со перфромансите, но во второто полувреме сакав тимот да можеше да игра на друг начин. Но реалноста е дека понекогаш не можеш да играш како што сакаш бидејќи противникот те тера да одиш во друга насока и на 2-0 не е резултат на кој треба да ризиикуваме“.
„Можам да замислам какви наслови ќе има за Арсенал поради тоа каде се на табелата, но со овие фудбалери и Микел, Арсенал повторно ќе биде Арсенал“.