249
„Волчицата“ попладнево
ја шокираше Аталанта и славеше со убедливи 1-4, за прв триумф над топ 5 клуб во
последните 15 месеци.
„Ми се смачи да
ги слушам луѓето како велат дека Рома 19 месеци нема победа над топ 5 тим, еве
сега можете да кажете дека поминале 20 минути…“ – одговори во свој стил Жозе
Мурињо по крајот на натпреварот.
„Ова беше најубавата
партија на Рома која ја видов оваа сезона“ – продолжи „специјалниот“ и покрај
тоа што неговиот тим имаше едвај 30% посед на топка. „Бевме силни на сите
полиња, изгинавме на теренот“.