Мурињо: Манчестер јунајтед требаше да ми даде повеќе време

by
1 минути читање

Иако со Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа, тоа е единствениот клуб со кој Мурињо не го освои домашното првенство. Португалскиот стратег сега прави споредба и смета дека ако добиел подолго време успехот ќе бил поголем на Олд Трафорд.

„Најчесто бев во такви клубови во кариерата во кои не ми беше потребно многу време за да дојдеме до успех“, вели Мурињо.

„Го направивме тоа во Порто, Интер, Реал, во Челси на двапати, без притоа да ни биде потребно многу време. Исто така мојата желба да пробувам различни работи и мојата луда желба да одам во повеќе држави и да освојувам, да искусам различни искуства во многу различни земји, беше перфектно бидејќи беше успешно, ќе освоев и по некое време ќе си заминев за да пробам нешто ново“.

„Првиот клуб во кој ми беше потребно повеќе време а не ми беше дадено беше Манчестер јунајтед, бидејќи имав чувство дека таму влегов во средина на процесот, но научив многу рано да ги почитувам одлуките, што беше случај во Јунајтед“.

„Направивме тоа што го направивме, тоа што беше возможно да го направиме и се разделивме. Јас сум среќен, тие се среќни и тоа е одлична релација, и е нешто на кое сум горд, секогаш кога ќе заминам од некој клуб оставам добра релација со сите таму, Јунајтед е исто таков пример“.

„Сега во Тотнем го знам профилот на работа кој го имам во рацете и се надевам дека ќе учивам многу, многу да бидам во овој клуб и се надевам дека клубот е среќен да работи со мене, па се гледам тука уште долго време, но доколку можеме да го забрзаме процесот, како што и го забрзуваме во моментов, и правиме добри работи, се разбира дека не би губеле време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×