70
Жозе Мурињо добро го почна престојот во Рома, беше во одличен однос со фудбалерите, но тоа траеше се до дебаклот во Норвешка.
Португалецот го доживеа најтешкиот пораз во кариерата, а потоа својот бес го истурил врз фудбалерите.
„Има играчи меѓу вас кои не би можеле да играат ниту тука, во Норвешка, ниту во Серија Б“, им викал лутиот Мурињо на фудбалерите во соблекувалната.
Рома утре го пречекува Наполи во Серија А, па ќе биде добро да се види како ќе реагираат играчите на Мурињо против лидерот во лигата кој реди само победи досега.