Мурињо ќе си замине од Тотнем со куферче полно со пари

by
1 минути читање

Тотнем го загуби
трпението и му врачи отказ на својот веќе довчерашен тренер Жозе Мурињо,
исходот можеби очекуван со оглед на очајните резултати на „Спарси“ изминатиов
период, меѓутоа Португалецот ќе добие богато обештетување.

Се поизвесно е
дека „Спарси“ нема да бидат дел од Лигата на шампионите за идната сезона според
актуелната состојба на табелата во Премиерлигата, што можеби е клучната причина
за отказот за Мурињо кој скапо ќе го чини клубот.

58 годишниот
фудбалски стратег како компензација од клубот треба да добие 20 милиони фунти,
за што тврдат извори за „Спортсмејл“, а сето тоа базирано на клаузулата во
договорот на Тотнем во однос на перформансите поврзани со квалификации за
Европа, како и неговата годишна плата од 10 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани