Мурињо ќе прави чистка по срамниот пораз во Норвешка, на продажба одат ПЕТ фудбалери!

by
1 минути читање

Жозе Мурињо има
преку 1.000 натпревари како тренер и синоќа беше понижен како никогаш
претходно. Рома на гостувањето кај Бодо/Глимт беше поразена со 6-1, па
„специјалниот“ прв пат во својата кариера прими шест гола.

По крајот на
натпреварот, тој рече дека имал лимитиран состав на располагање, само 13
фудбалери биле квалитетни а другите просечни.

Кориере дело
Спорт сега пренесува дека срамниот пораз во Норвешка ќе предизвика чистка во тимот,
„специјалниот“ прешкртал неколку играчи. Жозе Мурињо особено бил разочаран од
Мајорал, Виљар, Диавара, Рејнолсд и Кумбула, сметал дека овие биле најлоши на
теренот.

Па за овие петмина
ќе нема иднина на Олимпико и ќе се направи напор тие да заминат уште во јануари. Исклучок може
да се направи за Кумбула поради малиот број на централни дефанзивци, како и честите
повреди на Смолинг.

Има многу
прашалници и за перформансите на Калафиори, но неговата иднина е поврзана со
ситуацијата на Спинацола, кој се опоравува од повредата на Ахиловата тетива. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани