173
Интересно ќе биде да се види каков перформанс ќе покаже денеска Рома по катастрофата во Норвешка. Дали момците на Мурињо ќе одиграат добро против Наполи или на повидок ќе биде запаѓање во криза.
Во Италија пишуваат дека Мурињо посебно е разочаран од петорица фудбалери, Мараш Кумбула, Амаду Диавара, Рикардо Калафиори, Гонзалао Виљар и Борха Мајорал.
Овие играчи нема да бидат денеска во комбинација за мечот со Наполи, ќе бидат пратени на трибините и покрај тоа што не се ниту повредени, ниту суспендирани.