Мурињо ќе биде бесен, Рома уште еднаш загуби од Бодо/Глимт (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бодо/Глимт и Рома оваа сезона одиграа веќе три меча, а италијанскиот тим нема ниту една победа. Овојпат немаше дебакл, но норвешкиот тим славеше со 2-1.

Рома имаше водство со гол на Пелегрини во финишот од првиот дел, но работите се променија во второто полувреме.

Најпрво Руи Патрисио направи огромен кикс, шутот кон неговиот гол го удри Салтнес, го смени правецот, но голманот на Рома мораше подобро да реагира, Бодо израмни на 1-1.

Се очекуваше дека со тој резултат ќе заврши мечот, но домаќините преку Ветлесен во 89. минута дадоа гол за победа од 2-1.

Во останатите мечеви победа од 2-1 славеше и Марсеј против ПАОК, немаше голови на дуелот меѓу Лестер и ПСВ, а дури шест имаше на натпреварот меѓу Феенорд и Славија Прага кој заврши 3-3.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×